Султанката Хурем исплашена за својата ќерка направи нешто со кое ги воодушеви сите

popara26 јули, 20161min00
4

Бившиот на Мерјем ги оштети своите клиенти за 86 милиони евра и избега во Мексико, оставајќи ја познатата турска актерка и тоа додека беше бремена.

Кен Атеш ја остави Мерјем Узерли додека таа беше трудна, а за нивната ќерка не сака ни да слушне. Сега, кога е пред банкрот, познатата актерка се погрижи финансиски да се обезбеди себеси, но и иднината на нејзиното дете.

Турскиот бизнисмен ги оштети своите клиенти за околу 86 милиони евра и избега во Мексико. Мерјем од страв дека тој можеби сега би сакал да дојде и до нејзините пари, на својата ќерка и отвори сметка во една банка во Германија на која стави два милиони евра кои малата Лара ќе ги добие кога ќе биде полнолетна.

Познатата турска актерка која се прослави со улогата на султанката Хурем во легендарната турска серија Сулејман Величенствениот, редовно на социјалната мрежа Инстаграм објавува фотографии од нејзината ќерка.

Според нејзините фанови, малата Лара е слика прилика на својата мајка, па многумина се надеваат дека кога ќе порасне и таа ќе тргне по стапките на нејзината мајка и ќе стане актерка или барем манекенка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag