Какви шишки одговараат на вашиот облик на лице

popara29 јули, 20161min00
3

Шишките се преголема обврска за да се задоволите со што било помалку од оние кои совршено ќе ви прилегаат. „Еден облик им прилега на сите“ е супер пристап за да добиете фризура која ќе ја мразите следното утро. Шишките се како шлаг на тортата, тие го врамуваат лицето и му даваат финална дефиниција, па колку добро и да ви е потшишана косата по должината ако имате лоши шишки се паѓа во вода.

post cover photo

Обликот на лицето во голема мера дефинира какви шишки би ви прилегале најдобро. Погледнете што советуваат експертите и проверете дали се сложувате.

Облик на лице: Коцкасто

Најдобри шишки за вас: Заоблени и меки

Ако имате заоблен облик на лице избегнувајте ги сосема правите, коцкасти шишки. Тиа само ќе направат вашето лице да изгледа како коцка.

Облик на лице: Округло

Најдобри шишки за вас: Користејќи истата логија како и за коцкастите лица, потребно е да ги избалансирате цртите на лицето, па во овој случај избегнувајте заоблените и одберете рамни шишки.

Совет: Ако ги скратите шишките токму над линијата на веѓите ќе го издолжите лицето уште повеќе.

Облик на лице: Овално (со кратко чело)

Најдобри шишки за вас: Супер кратки

За лицата кои имаат кусо чело вообичаено се препорачува да се избегнуваат шишки, бидејќи тие го нагласуваат малиот простор помеѓу веѓите и линијата на косата. Сепак, супер кратки шишки во пин-ап стил можат да прилегаат кул на ваков облик на лице.

Облик на лице: Овално (со долго чело)

Најдобри шишки за вас: Долги, разделени на средина

Девојките со овално лице се среќни, бидејќи речиси секој вид на шишки, во сите должини и варијатни може да изгледа добро со нивните пропорции на лице. Сепак, постои една особеност која може да направите разлика помеѓу добра и одлична фризура – должината на целото. Ако челото ви е подолго, разделувањето на шишките на средина создава илузија дека најниската точка на целото е подолу од природната линија на косата, скратувајќи го челото оптички. Истенчените шишки исто така се добра опција, односно шишки кои се погусти кон коренот а поретки кон врвовите.

Облик на лице: Срцевиден

Најдобри шишки за вас: Ретки и во слоеви

Ваквата аголна структура на коски одлично прилега со ретки шишки, кои ги омекнуваат линиите на лицето. Супер е и што можете да ги носите и на страна или разделени на средина.