Без разлика дали ве мамат неверојатните вкусови на надалеку познатите слатки деликатеси, занаетчиските работилници полни со традиција или летните ноќи кои одекнуваат со забава, Куашадаси ќе ве воодушеви со бројните изненадувања.
Последниве години Турција стана едно од најомилените летувалишта на илјадници туристи – и тоа со причина! Покрај одличните плажи, добрата забава и разноврсната храна и пијалоци, оваа земја крие и многу интересни историски и културни споменици и природни убавини, кои само чекаат да започнете да ги истражувате.
Она што е посебно интересно врзано за турската ривиера е фактот дека овде со векови се преплетувале турската и грчката култура и дека денешните летувалишта се многу повеќе од само убави туристички локации. Во тоа можете да се уверите ако ги посетите некои од најпознатите градови по брегот, како што се Анталија, Кушадаси, Аланија, Бодрум и други.
А едно од најдобрите места за младите и сите оние кои сакаат гужва и динамично летување е секако Кушадаси, градот кој во текот на летото комплетно се посветува на туристите, постојано спремајќи им интересни случки кои нивниот одмор ќе го направат незаборавен.
Кога ќе стигнете во Кушадаси прво ќе го осетите мирисот на цимет по слаткарниците кои ги има по десетина во секој кварт. Иако баклавите, тулумбите и останатите деликатеси може да се најдат и кај нас, сепак тој мирис и начин на кој се изложени во Турција е она што веднаш потсетува на ориентот. Затоа штом ќе излезете од превозното средство и вашите сетила се пробудат, нов и егзотичен свет ќе започне да ве мами да започнете обиколка по најскриените места во градот.
Тесни улици, натрупани работилници со крзно, сувенири и злато, осветлени со разнобојни фенери со стакленца, се сликата која ќе ви долови како некогаш изгледало ова трговско село, кога доаѓале бродовите со разноврсна роба и го претворале градот во голем пазар. Денес е нешто поразлично, затоа што големите крузери неколку пати неделно доведуваат љубопитни туристи, а не роба како порано.
Шетајќи по овие улици ќе забележите покрај скоро секоја клупа стоици со стаклени чаши од кои се шири ирисот на прочуениот турски чај од јаболка, кој се пие и ладен и топол. Во чинија се сервира рахатлокум, со најразличен вкус. На ова шаренило му се придружуваат ’салоните‘ за теписи кои домашното население ги изработува пред вас од најфина свила.
Овде се и незаобиколните стомачни денсерки (познати кај нас како трбушни плесачици), кои ќе ве забавуваат во текот на вечерта ако се решите за овој вид на забава. Но Кушадаси има уште многу од тоа да ви понуди. Клубовите на плажа и во самиот центар на градот прават пауза само помеѓу дневните и ниќните журки. Големиот број на туристи од целиот свет во нив наоѓа прибежиште до излезот на сонцето, кога следи краток одмор и одење на некоја од плажите. Градската плажа во Кушадаси е мирна и воглавно ја посетува месното население, додека до останатите, поубави и атрактивни плажи се пристига со мини бус кој може да го запрете било каде на улицата.
Работи кои исто така не смеете да ги пропуштите ако сте во Кушадаси се посетата на античкиот град Ефес, птоа единственото на свет Памук кале и бањите на Афродите, како и водените паркови кои се наоѓаат во близина.
Значи, доколку сакате содржајно и необично летување на некоја плажа од Егејското море, полно со авантури, добар провод и нов сознанија, посетете ја Турција.