Македонска фолк пејачка Сузана Гавазова се поретко е активна на естрадата и социјалните мрежи. Но, затоа нејзиниот сопруг Јасмин постојано објавува фотографии од неговата сакана, за која не пропушта да напише грст комплименти.
„Мој фотомодел“, „Жено моја најубава“, „Романтичен викенд со мојата љубов“, Јасмин едноставно лудува по својата раскошна сопруга која секогаш е расположена да позира пред објективот.