
Дали умеете да препознаете совршен партнер, речиси, на прв поглед, или ви е потребно време некому да му го подарите срцето? Дали сте приврзани кон партнерот или ви одговараат врски во кои никој не ја гуши слободата и потребата за независност на другиот? Пронајдете ги одговорите во астро-профилот за секој хороскопски знак
ОВЕН (21 март – 20 април)

Сакаат да бидат рамноправни со машкиот пол
Девојките родени во знакот на Овен се родени лидери, не сакаат никого да следат. Така, и во врските сакаат да бидат придвижуваачи и да управуваат со работите. Она што е карактеристично за нив е дека секогаш сакаат да бидат барем рамо до рамо, ако не и над своите партнери. И додека таквата природа може да е вообичаена за машките-Овен, за женските може да биде (малку) незгодно. Во вистинската љубов се страсни, авантуристички настроени.
БИК (21 април – 20 мај)

Магнет за мажи
Припадничките на овој знак имаат голема моќ за привлекување на спротивниот пол поради вродениот магнетизам со кој зрачат. И покрај тоа што сакаат да бидат заведени, повеќе се склони кон долгорочни односи и градење силни врски со интимниот партнер. Со текот на времето, ќе бараат сè повеќе и ќе стануваат критични, бидејќи поради перфекционизмот сакаат да имаат чувство дека „добро си ја вршат својата работа“. Исто како и животното чиј знак го претставуваат, Биковите се опасни само кога некој ќе ги разјари, но, за жал, никогаш не е извесно кога тоа ќе се случи. Кога ќе дојде до таков излив на бес, нивните реакции се експлозивни.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Склони кон превари
Срцето на Близнаците функционира преку мозокот. Без разлика дали станува збор за емоции или секс, на зборови се посилни и поизразени отколку во пракса. На некои таквиот пристап кон животот може да им се чини дека е плиток, но тие самите попрво би кажеле дека се интелектуални и аналитични. Комуникативните Близнаци имаат поделена и амбивалентна природа, па не е невообичаено во ист миг да ги привлекуваат повеќе личности, што ги прави склони кон прекини и разводи. Најдобро функционираат преку разбирање во врската, имаат тенденција на партнерот да му ги простуваат гревовите сè додека тој не е флегматичен и здодевен. Благодарение на променливата природа, повеќе им одговараат стабилни и карактерни партнери кои ќе им дадат слобода за бројните пријателства и дружење, и кои ќе бидат крај нив кога другите ќе ги разочараат.
РАК (21 јуни – 20 јули)

Нежни душички
Нежната и грижливата интимност на Раковите е под тврдиот одбранбен оклоп, невидлив за оние кои не ги познаваат добро. Вешто наоѓаат начини да ги заштитат своите најдлабоки чувства, па дури и кога саканото лице длабоко ќе ги разочара, нема тоа само туку-така да го покажат. Повремено Раковите може тешко да бидат сфатени кога ирационални мисли ќе надвладеат во нивните, инаку рационални, глави. Тие се во потрага по цврсто и сигурно засолниште каде што ќе можат безбрижно да го изразат она што го чувствуваат длабоко во себе. Најдобро функциионираат со некој кој ја разбира нивната креативност и кој ќе ги прифатат онакви какви што се, со сите промени во расположението.
ЛАВ (21 јули – 21 август)

Страствен во љубовта
Посебниот шарм и магнетната привлечност обично ги става Лавовите во центарот на вниманието. Како страствени љубовници од партнерите бараат максимална посветеност и страст возвратена во еднаква мерка, бидејќи во спротивно нивното незадоволство од млакоста на партнерот расте до прекинување на врската. Романтично настроени, главно, ги остваруваат своите соништа со помош на силата, одлучноста и вербата во себе која ги одликува и им помага да продолжат таму каде што другите би запнале. Лавовите често создаваат проблеми во односите поради тоа што сакаат нивниот збор да биде последен и што не се склони да ја признаат својата вина.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Премногу ситничави
Практичноста и реализмот пред емоцииите, како и големата ситничавост ја карактеризираат Девицата во љубовните врски. Флексибилни се и елоквентни, па затоа лесно се прилагодуваат на потребите на партнерот. Забавни се и сакаат да се шегуваат, што често го користат за да се извлечат од непријатни ситуации. Оние кои успеваат да ја разгорат страста кај Девиците, ќе се уверат дека таа не се гаси толку лесно, ниту брзо.Она што може да биде камен на сопнување во врските е нивната тенденција да ги критикуваат особините на своите партнери.
ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Живее за љубов
Вагите едноставно живеат за љубов – и за стил! Овој манекенски хороскопски знак често е во центарот на вниманието и не знаејќи колку обожаватели има околу себе. Иако во врска, Вагите често, доколку не го чувствуваат „она нешто“, и понатаму ќе го бараат оној ‘вистинскиот’ или онаа ‘вистинската’, придавајќи ù на љубовта метафизички својства. Сакаат да бидат ‘душа на врската’, ама и да бараат дел од својот идентитет во партнерот, дури и ако тоа значи преземање туѓи интереси, навики, или дури и начин на живот во поширока смисла. На Вагите им е потребен партнер кој ќе го сфати нивниот перфекционизам во љубовта и кој ќе возраќа со иста доза на романтика.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Сака мистериозни личности
Мрачниот и мистериозен стил, како и љубовната возбуда која напросто ја цедат од партнерот, ги прткајуваат и ги врзуваат Шкорпиите. Нивната интуиција е фасцинантна и им овозможува да го препознаат совршениот партнер, речиси, на прв поглед. Во врската настојуваат да задржат дел од интимноста, па се склони експлозивно да реагираат ако нивниот партнер им ја наруши приватноста. Интелектуалниот капацитет и креативноста, водени од силната самоконтрола, се предиспозиција за Шкорпиите да бидат доминантни во врските. Ги привлекуваат мистериозни личности и тоа сè додека не ги ‘прочитаат’, кога исчезнува сета магија.
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Вистински авантуристи
Авантуристи кои сакаат да преземаат ризици, позитивни и оптимистички во животот, Стрелците се отворени за сите видови љубовни игри. Понекогаш оставаат впечаток дека се премногу отворени за оние кои сакаат помистериозен однос во љубовта. Сепак, Стрелците и понатаму ќе продолжат со својот лак и стрела да нишанат во небото барајќи слобода и вистина. Иако можеби не се најснаодливи во долги и сериозни врски, најдобро функционираат со силни и сталожени личности кои ја разбераат нивната потреба за независност.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Ги мачи љубомора
Резервирани, но мошне достоинствени, Јарците нема туку-така да пуштат некого во својот живот, но ако ја стекнете довербата на еден Јарец, бидете сигурни дека знаете во што се вшпуштате. Почетната претпазливост и калкулирање ќе ја надоместат со целосна посветеност и лојалност, како и со луда страст откако ќе ги отпуштат сопирачките. Партнерот кој им одговара на Јарците мора да ги споделува нивните интереси и да има трпение за несигурностите и стравовите што се раѓаат во нив. Тие, сепак, својата ранливост вешто ќе ја кријат, компензирајќи ја со успеси во кариерата. Склоноста кон љубомора и посесивност е потемната страна на Јарците.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Вистински ексцентрици
Шармантни, возбудливи и непредвидливи, Водолиите се еден од најексцентричните знакови во зодијакот. Нивниот моќен интелект го погонува тој оригинален ум до желбата да ги искусат крајните граници на сè што прават. Нивната најголема желба е сродна душа, која ќе ја почитува нивната желба за слобода, да биде многу толерантна, доволно сигурна, како и ментално и усогласена и физички привлечна. Тоа е навистина многу, но под претпоставка на исполнување на овие услови, Водолијата станува лојален партнер за цел живот – страствен, незауздан и полн со разбирање.
РИБИ (20 февруари – 20 март)

Брижни и нежни
Необични, многу чувствителни и интуитивни, Рибите имаа силна потреба да му бидат потребни некому. Никогаш не страдаат од недостаток на самодоверба или страв од одбивање, па затоа лесно се впуштаат во врска. Во љубовта се нежни и грижливи и ќе бидат среќни да му се подредат на партнерот, што е во ред сè додека не глуми дека е нешто што не е. На нивна жалост, поради брзоплетост Рибите ретко го слушаат здравиот разум, па затоа донесуваат многу погрешни одлуки при избор на партнер.