Бизарен ритуал – место на кое верниците доаѓаат за да имаат секс со странци!

popara5 август, 20161min00
Бизарен ритуал – место на кое верниците доаѓаат за да имаат секс со странци!

Ова што сега ќе го прочитате е една од најбизарните, но и најдобро чуваните тајни во Република Индонезија.

И покрај тоа што оваа земја е муслиманска, илјадници аџии патуваат во Гунунг Кемукс, односно на Секс планината за да имаат секс со странци – што претставува дел од верските обреди.

Ритуалот ќе биде успешен само доколку личноста на секои 35 дена има секс седум пати по ред, дознава новинарот Патрик Абоуд.

„Станува збор за една бизарна приказна. Пред неколку години почнав да пишувам за тоа. Ми требаше некое време за да дојдам до таму“ изјави новинарот и додаде дека на тој начин се сретнал со неверојатното изненадување.

Во ритуалот учествуваат илјадници аџии. Според него, бројката може да достигне и до осум илјади во една ноќ, пишува Daily Mail.

„На почетокот ми беше тешко да разберам штос е случува. Ми беше потребно време за да ја сфатам приказната“ изјави тој. Инаку, древниот ритал датира од 16 век, а оние кои го прават веруваат дека тоа ќе им донесе богатство и среќа. Во него учествуваат оженети мажи, домаќинки, политичари, луѓе што работат во влади, но и многу проститутки кои денес се главната алка во ритуалот.

За земја во која што сексот е табу тема, идејата за секс планина на прв поглед изгледа многу чудно. Приказната започнува во 16 век кога млад индонезиски принц имал афера со својата маќеа. Тие избегале во планините каде имале односи, а сред еден однос биле фатени, убиени и таму закопани.

Светилиштето на тоа место постои и денес, па бидејќи тие не успеале да го завршат дејствието, според верувањата, оние што ќе го направат тоа за нив, ќе добијат среќа. Новинарот не сретнал луѓе од западот, но доаѓаат луѓе од сите краеви на Индонезија за да видат дали навистина ќе имаат среќа.

Тоа е јавански ритуал кој е значајно поразличен од муслиманскиот свет и многу поразличен од се друго во Индонезија. Овие верувања се дериват од исламот, хиндуизмот и будизмот.

Ритуалот со тек на време станал популарен и денес претставува туристичка атракција, а властите иако знаат за него, се прават дека не го гледаат.

Инаку, на планините доаѓаат многу повеќе мажи од жени, па затоа местото се претворило во територија на која своите услуги ги продаваат проститутките. Токму заради проституцијата се поставува прашањето како е можно зад сето ова да стојат верски водачи. Проблем се и полно преносливите болести, па на планините е поставена клиника.

Разговарав со лекарите и тие ми кажаа дека поголемиот број проститутки имаат полно преносливи болести, а мажите не користат кондоми, вели Патрик.

Тој разговарал со аџиката Мардијах, вдовица која две години има финансиски проблеми. Таа живее во мал град на островот Јава и тукушто ја завршила мисијата, односно имала секс седум пати. Вели дека откако почнала со ритуалот работата и оди се  подобро и има повеќе пари, што според неа, преставува доказ дека ритуалот има смисла.