Премиерот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактоум, кој престојувал во хотелот „Регент“ во Порто Монтенегро во Тиват, го частил персоналот на хотелот со 36.000 евра, објави поралот ПинкМ.
Шеикот за време на дводневниот престој во хотелот нарачал 20 шишиња најскап шампањ.
Тој на Тиват се состанал со премиерот на Црна Гора Мило Џукановиќ, кој порачал дека желба на црногорската влада е да привлече што повеќе инвестиции од Обединетите Арапски Емирати, особено во приватниот сектор.
Други податоци за посетата на шеикот не се објавени.