
Иако доста ретко зборува со медиумите за својот приватен живот, глумицата Ева Мендез си ја отвори душата и откри како излгедал најтешкиот ден во животот.
Aктерскиот пар Ева Мендез и Рајан Гослинг во септември 2014, ја добија ќерката Есмералда Аманда, а другото девојче Аманда Ли се родила на крајот на април.
„Неколку дена пред да се породам, го погребав брат ми Карл. Имаше 53 години и умре од рак“, изјави глумицата.
„Тоа ми го скрши срцето. Истовремено плачев од тага и од среќа поради бебето“, кажа Ева и додава дека трагедијата уште повеќе ја зближило нејзиното семејство, кое и така било блиско. Поради помешаните чувства, признава сеуште во потполност не сфатила дека го нема веќе нејзиниот брат.