Познатата дизајнерка беше фотографирана во три различни комбинации во Њујорк.
Стајлингот во црна боја вклучува слип фустан со цветни детали од пред-есенската колекција на Бекам и долг мантил. И очилата и чантата го носат потписот на Викторија.
Белата комбинација е составена од креации од колекцијата наменета за сезоната пролет/лето 2017.
Синиот комбинезон со долг патент исто така доаѓа од колекцијата за следната пролетна сезона.