Бритни Спирс е на семеен одмор на Хаваи.
34-годишната пејачка беше фотографирана додека се релаксираше и забавуваше на плажа. Спирс го покажа своето тело во црвени бикини, а својот изглед го надополни со огледални авијаторки.
Бритни на Instagram сподели кратко видео од одморот во кое се прикажани и нејзините два сина 10-годишниот Шон Престон и 9-годишниот Џејден Џејмс.
Два дена претходно, популарната музичка ѕвезда беше фотографирана во Вестлејк, Охајо.