Со над 1.000 победи во својата кариера, 77 милиони долари заработени како награди од турнири (највисока сума до која има стигнато една тенисерка во историјата) и 4 олимписки злата, Серена Вилијамс е вистинска ѕвезда на тениските терени.
Пред да ја започне борбата за петтото злато во Рио, 34-годишната спортистка сними фотосесија за списанието „Self“ и отворено зборуваше за критиките кои ги добива за градбата на телото.
Коментирајќи ги навредите дека „има тело на маж“, Серена вели: „Го сакам моето тело и никогаш не би променила ништо кај него. Не барам од вас да го сакате моето тело. Барам само да ме оставите да бидам себеси.“
Во интервјуто за списанието, Серена зборувала и за својата сестра Венус. „Венус е најдобра. Се огледувам на неа и секогаш се прашувам ако јас бев постарата сестра, дали јас ќе поставев толку добар пример како што таа постави за мене? Мразам да играм против Венус. Таа е најтешкиот противник со кој се имам соочено.“
“
Јас сум таа што сум. Се сакам себеси. Ставот да си силна и моќна – тоа е нешто зад кое застанувам.