Кијара Шобер е силна девојка која успеа да се извлече од канџите на анорексијата. 19-годишната студентка од Лихтенштајн пред една година тежела само 22 килограми, а сега инспирира покажувајќи ја својата здрава фигура.
Шобер тврди дека пронаоѓањето на љубовта ѝ го промени животот. Љубовта и поддршката од нејзиното момче Џејсон ѝ помогнале да го победи нарушувањето во исхраната и сега таа јадела „сè што ќе биде поставено пред неа“.
„Се чувствувам среќна што Џејсон ми помогна да го променам сето тоа, тој ме има видено во најлошото издание, па затоа знам дека ме сака за тоа што сум“ – изјавила Кијара и додала дека ако не бил Џејсон дел од нејзиниот живот, таа ќе ја изгубела борбата со анорексијата.
„Кога јас и Џејсон се запознавме пред една година, јас бев комплетно друга личност. Во еден момент тежев само 22 килограми. Кога ќе се навратам на тоа време не можам да поверувам. Бев кожа и коски. Јадев само една праска дневно. Не можев да ја поднесам помислата да јадам. Тоа беше како да се казнувам себеси“ – вели Шобер.
Докторите ја предупредувале Кијара дека нема да живее уште долго време со таквиот начин на живот. „Кога докторите ми кажаа дека телото не може да издржи уште долго време без храна, знаев дека е сега или никогаш. Тогаш настапи Џејсон и ме охрабруваше да јадам повеќе. Редовно ме носеше на вечери и постојано ми купуваше закуски“ – објаснила таа.
„Отсекогаш сонував дека ќе се омажам некој ден и дека ќе имам свое семејство, а сега Џејсон ми покажа за што е животот навистина“ – додала упорната девојка, која сега слободно може да го живее животот и да ги исполнува своите соништа.