Две американски парички на аукција продадени за 869.500 долари

popara12 август, 20161min00
8

Две ретки американски парички од еден цент, постари од два века, продадени се на аукција во Калифорнија за 869.500 долари.

Едната паричка позната како „Бирч сент“(Birch Cent) продадена е за 517.000 долари, а другата „Силвер сентер сент“ (Silver Center Cent), достигна вредност од 352.500 долари.

Портпаролот на аукциската куќа Херидеџ (Heritage Auctions), Ерик Бредли, вели дека иако паричките не се продадени за милион долари, како што било проценето пред аукцијата, организаторите се задоволни од исходот.

Тој вели дека паричките имаат историско значење и дека претставуваат „транзиција во американската историја од колонија до нова република“.

На двете монети испишано е „Слободата е мајка на науката и на индустријата“, што покажува, вели Бредли, како САД се обидувале да се дистанцираат од верскиот прогон и монархијата која ги поврзувала со Британија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag