Бора Чорба го напишал еден од најголемите хитови “Остани џубре до краја”, поради негова голема љубов. Билјана била манекенка која тргнала да бара подобар живот во Сараево, а Бора ја викнал да се збогуваат во едно кафуле каде седел пијан и уморен од животот, како што и пее во песната. Ги мразел и другите и себе, а по збогувањето ги напишал стиховите за неа. Тој неколку пати се фаќал за пенкало за да напише песна за Билјана.
Така настанал големиот хит кој се пее и денес.
Нејзиното заминување било повод Бора да ја напише и прекрасната балада Два динара друже.