Прочитајте ја оваа интересна исповед…
„Дедо ми умре пред 15 години и остави тестамент. На мајка ми куќа, на сестра ми автомобил, на брат ми викендица, а мене ми остави украсна секира која стоеше на ѕидот во куќата. Сите се изненадија и се шегуваа со мене, а мене ми беше сеедно, ја зедов секирата и ја закачив на ѕид. Вчера, сопругата ми вели: ајде заковај клинец на ѕид да ставиме слика од децата. Ставам клинец во близина на секирата и таа паѓа на под и дршката се отвара. Гледам внатре – куп пари. Германски марки, и тоа речиси 80.000. Еве уште гледам во нив и плачам.“