Сабрина Салазар на друштвените мрежи објави дека и е жал што пред некое време одбила конверзација со Џозеф Скулинг, кој пред неколку дена на ОИ во Рио освои златен медал во пливање.
Пливачот од Сингапур стана нова ѕвезда на игрите затоа што освои злато во дисциплината 100 метри пеперутка. Тој во финалето го победи легендарниот Американец Мајкл Фелпс.
Скулинг е активен на друштвената мрежа Тиндер, а тоа го откри Сабрина Салазар.
Таа објави дека и жал што не се договорила со Џозеф. Сабрина тоа го откри кога дознала дека Скулинг станал олимписки шампион.