Поранешниот телохранител на Принцезата Дајана откри детали кои се криеле две децении. Тој ја чувал до 1993 година, а таа загина во сообраќајка во 1997 година. Единствен преживеан беше нејзиниот телохранител кој поради повреди на главата не се сеќава на деталите од кобниот ден. Изворот тврди дека телохранителите не биле искусни.
– Телохранителот беше војник и немаше тренинг за чување на кралското семејство. Не беше доволно квалификуван, вели изворот.
Според изворот, телохранителот имал огромни симпатии кој принцезата. Дајана ја одбила понудата на кралицата 24 телохранители да ја чуваат, а според изворот, ако тие ја чувале, немало да седне без појас.