Се работи за хотелот Rosemont Hotel & Residences кој е дел од ланецот хотели Hilton, а ќе биде отворен во Дубаи 2018 година. Во неговиот центар се наоѓа вештачка прашума со 7.000 квадратни метри и претставува вистинска џунгла среде пустина.
Хотелот поседува 47 ката и 450 соби. Има две кули, а на кровот се наоѓа базен. Рецепцијата исто така е високо, така што гостите од самиот почеток на посетата можат да уживаат во погледот. Двете кули се на петкатен подиум, каде се наоѓа прашума, вештачка плажа и уште еден базен.
Во кулите има теретана, спа, ресторани, аквариум, забавен парк и уште многу содржини.
Изградбата на хотелот чини 265 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=mLslz1kwrQo