Да бидеме искрени: секој од нас има најмалку еден пријател на Фејсбук кој секогаш ја поставува својата фитнес рутина или вежби на социјалната мрежа. Или пак можеби таа личност сте токму вие.
Истражувачите од лондонскиот Брунел Универзитет спровеле истражување за тоа зошто луѓето масовно објавуваат фотки и снимки од своите вежби на социјалните мрежи, а резултатите се, во најмала рака, загрижувачки.
Луѓето кои ги објавуваат своите активности во теретана или на трчање – се нарцисоидни. Нивната примарна цел е да се пофалат колку време вложуваат во својот изглед. Притоа, ваквите објави често добиваат повеќе „лајкови“ од останатите.
„Нарцисоидните лица често ги ажурираат своите пријатели за своите успеси, мотивирани од потребата за постојано внимание“, се наведува во студијата.
Доктор Тара Маршал вели дека „голем број лајкови“ не значи нужно дека на луѓето им се допаѓа вашата објава – често пријателите на Фејсбук се културни и пружаат поддршка, а всушност ги превртуваат очите и ги мразат ваквите егоистични испади.
Така – ако не сте премногу креативни во начинот на кој вежбате, успорете малку со дневните постови за вашиот напредок во теретана.