Силвестер Сталоне секогаш издвојува време за своето семејство. 70-годишниот актер беше фотографиран со сопругата Џенифер Флавин и две од своите ќерки додека се упатуваа на вечера во ресторанот Madeo во Вест Холивуд.
14-годишната Скарлет и 18-годишната Систин во модерни комбинации чекореа покрај своите славни родители.
Силвестер и Џенифер се во брак од 1997 година и заедно имаат уште една ќерка Софија.
И покрај тоа што има 70 години, Сталоне не планира да се откаже од својата кариера. Него следно ќе го видиме во „Guardians of the Galaxy Vol. 2“. Исто така, холивудскиот актер го позајми својот глас за лик во анимираниот филм „Animal Crackers“.