
Актерскиот пар Џони Деп и Амбер Херд постигнаа договор за развод на бракот, бидејќи актерката ја повлече тужбата против сопругот за физичко насилство.
Според наводите на ТМЗ, Деп прифатил да и исплати 7 милиони евра за Амбер.
53 годишниот Деп и 30 годишната Херд беа во брак 18 месеци, се огласија со заедничко соопштение во кое наведуваат дека нивната врска била доста страствена, понекогаш нестабилна, но секогаш полна со љубов.
Во соопштението се додава дека Херд парите кои ги добиле од разводот, ќе ги донира во добротворни цели, пренесува агенцијата АФП.
Деп и Херд се венчаа во февруари минатата година.