
После венчањето не следува секогаш среќен брак, а прав доказ за тоа е еден оглас на eBay, во кој разочарана жена ја продава својата венчаница откако мажот ја инзеверил.
„Фустанот е во одлична состојба, но му треба хемиско чистење, пред носењето да се испере мирисот на изневерување“, напишала таа во огласот на овој интересен артикл.

„Со продажбата на венчаницата ќе ги платам трошоците за разводот, кој ми ги остави сопругот да ги платам. Не стигнав да го однесам на хемиско чистење пред мојот лажго од сопруг да реши да стави крај на бракот. Моите кутри родители го платија 2.000 фунти за 2014 година. Со него давам и вел. Се извинувам што имам само две фотографии, но кога дознав дека споругот живее со друга жена, запалив и уништив се што има нешто од неговото одвратно лице на себе“, напиша таа.

„Ако имате уште прашање за фустанот или за дрољата со која маж и избегал, контактирајте ме“, порача таа на крај.