Владите во Атина и Скопје да покажат лидерство, а медиумите – воздржаност, вели Стејт департментот за споменикот во Скопје и спорот со името.
“САД продолжуваат да ги поддржуваат тековните напори на ОН на чело со Метју Нимиц за решавање на прашањето во догледно време, како и активната ангажираност меѓу Атина и Скопје“, изјави на заменик-помошникот државен секретар Томас Кантримен, на прашањето на Гласот на Америка за реакцијата на официјален Вашингтон на поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ во Скопје.
Кантирмен истакнал дека кон решение не придонесуваат постапки и изјави од која и да еж страна што разгоруваат емоции.
“Во обете земји, ги поттикнуваме владите да покажат лидерство, а медиумите – воздржаност, додека Атина и Скопје се обидуваат да најдат разумен компромис, што е можно побргу“, рече Кантримен.
Стејт департментот смета дека тоа налага приватни дискусии, одмерени, директни и со почитување, а чија цел е решение што е од од корист на обата американски пријатела и што ќе овозможи влез на Македонија во евро-атлантските институции.
Извор: Нетпрес