Ламборџини ја откри роадстер верзијата на најмоќната која која ја изградиле. И веќе е распродадена.
За да ја прослави 100-годишнината претходно оваа година, Ламборџини ја откри ограничената серија, 1,9 милиони долари вредното Центенарио Купе.
Се покажа дека купето не е крајот на Центенарио дизајнот. Има многу поскапа роадстер верзија.
За разлика од купето, роадстерот чини 2,3 милиони долари. За таа сума, купувачите добиваат топлес италијански супер-автомобил придвижуван од V12 мотор што испорачува 770 коњски сили, забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди и има максимална брзина повеќе од 350 км/ч.
Во внатрешноста на Центенарио-то има две камери кои можат да ги снимаат (и подоцна да ги споделат) престрашените фаци на возачот и сопатникот додека се обидуваат да ја достигнат максималната брзина на возилото.
Зачудувачки е и фактот што сите 20 Центенарио роадстери се веќе продадени, така што дури и да имате пари да го купите, веќе ја испуштивте вашата шанса.