
Откако Рони Мјусик Џуниор минатата година освоил 3 милиони долари на Државната лотарија на Џорџија, одлучил сериозно да си ја испроба среќата и новостекнатите пари ги вложил во трговија со дрога.
Инвестицијата на Мјусик, наводно, започнала кога ги потрошил сите пари од добивката на купување дрога, а потоа ангажирал дилери за да ја препродаваат. Меѓутоа, неколку негови дилери во септември минатата година биле фатени во продажба и на властите им го откриле планот на Мјусик.
Полицијата потоа упаднала во неговата база, каде пронашла кристал мет во вредност од повеќе од милион долари, 600.000 долари во кеш, куп оружје и муниција.
Во соопштенито на обвинителстовото се вели: „Мјусик одлучил да ја испроба среќата трошејќи ги милионите од лотарија на кристал мет. Како последица на неговата неразумна инвестициона стратегија, Мјусик сега го чекаат децении во затвор.“