Џиџи повторно ја распнаа на Инстаграм поради нејзиниот изглед

popara28 август, 20161min00
8

Трендсетерката ни овој пат не им остана должна на злите коментари!

Кога се појави на модната сцена, најпрво беше критикувана дека е предебела за да биде манекенка, а денес пак, кога ја покажа својата нова линија, злите јазици ја нападнаа дека изгледа анорексично! Тие буквално ја распнаа на социјалните мрежи откако познатата манекенка објави една фотографија од нејзиниот годишен одмор на која е во оскуден костим за капење.

„Тоа се вика растење. Го сакав своето тело и кога имав 17 години, а го сакам и сега! Едноставно го изгубив делот познат како „baby fat“’ мускулна маса која што ја стекнав со интензивното тренирање одбојка во средното училиште. Овие мускули со тек на годините се променија во издолжени мускули настанати со тренирање бокс, а воедно и самиот стрес влијаеше на моето тело. Но јас и понатаму јадам што сакам, се уште сум силна, и пред се здрава. Вашите коментари не ме погодуваат, но следниот пат добро размислите за младите девојки кои можеби ги читаат вашите коментари и создаваат погрешна слика за сопственото тело кое расте и кое природно се менува во текот на животот“ одговори Џиџи.

Инаку, таа и претходно беше критикувана заради нејзиниот изглед. Сите се сеќаваме кога пред година дена, нејзината колешка Бланка Падила која исто така работи за Викторија Сикрет, ја предизвика во шпанското шоу „Al Ricon“: „Многу од нас поминуваат екстремно мерење бидејќи поинаку не би добиле работа, додека некои други имаат привилегии дизајнерите да ги сакаат без разлика на нивните облини. Па, зошто те сакаат? Дали твојата популарност на социјалните мрежи има некаква врска со тоа?“

Ваквите критики упатени на нејзина адреса ја натераа сред модна сезона, во септември минатата година, во Париз, манекенката да им остави коментар на сите оние кои ја критикуваа дека нејзиното тело е презаоблено.

„Вашите зли коментари нема да ме натераат да го менувам моето тело. Нема да ме натераат да им кажам не на дизајнерите кои ме сакаат на нивните модни ревии и дефинитивно нема да го сменат нивното мислење за мене.

Тогаш бројни манекенки застанаа на нејзина страна, а манекенката и понатаму продолжи да ги користи социјалните мрежи за промоција на тоа дека сите женски тела се совршени, без разлика на димензиите. Таа во едно интервју изјави дека понекогаш и за една иста фотографија и се случува да добие различни коментари – од едни дека е предебела, а од други пак дека е анорексична. Како и да е, ништо од ова не влијае на кариерата на оваа позната ИТ девојка која пали и гаси со светската модна сцена, а она што треба да го извлечеме како поука од нејзиниот пример е тоа дека не постои совршено тело, туку само она што е здраво и тоа е единствениот идеал кон кој треба да се стремиме сите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag