Познатата убавица од Барбадос сака да се игра со стиловите, а модните критичари ги обожаваат нејзините екстравагантни комбинации.
Ријана не само што ги сака убавите дизајни, туку сака и да го носи на потполно поинаков начин, па дури и кога станува збор за наједноставните модели како што се тексас здолниште и јакна. Таа овие две парчиња успеа да ги направи да не изгледаат воопшто „досадно“ така што јакната ја носеше закопчана до грло и спуштена да и се гледаат голите раменици и деколтето, а целата комбинација ја зачини со фантастични металик чизми до колена. Од модните додатоци за излегување во ноќен клуб, каде што оваа егзотична маца се забавуваше, носеше впечатливи нараквици и прстени, скапоцена чокер огрлица и црна бејзбол капа.
Па, дали ви се допаѓа ова екстравагантно издание на пејачката?