Проституција – еден вид на сексуална експлоатација

popara17 јуни, 20112min01
prostitutes

Проституција – продажба на женскиот пол на мажи за пари, храна, материјални добра или заштита. Илјадници години луѓето ги осудуваат лицата кои се занимаваат со проституција. Мажите кои се на власт ги осудуваат жените, кривично ги гонат, а во истовреме ги “купуваат“ на улица, во барови и бордели.

Жените кои се дел од проституцијата најчесто се наоѓаат во најнискта социјална скала – тие се со најмалку општествено влијание. Жените кои завршуваат како проститутки се најсиромашни, повеќето од нив бездомници или бегалци – најчесто немаат друга алтернатива како да се прехранат себе и своите деца. Тие се една група на жени кои се најмногу дискриминирани. Општество ги осудува жените што се занимаваат со проституција, а во исто време ги произведува и експлоатира.

Проституцијата е форма на сексуална експлоатација, каде што телото на жената станува стока која се купува и продава. Со проституцијата се крши физичкиот интегритет на жените и достоинството, кои се основа на сите човекови права. Проституцијата е начин преку кој мажите имаат пристап до телата на жените со помош на нивната моќ, пари или принуда. Проституцијата, како и физичкото насилство, е начин за мажите да ги контролираат жените.

Политичките и економски промени во Источна и Централна Европа донесоа многу промени. Со отварањето на границите на капитализмот се зголеми и сексуалната експлоатација на жената.

Сексуална трговија со жени

Во последниве неколку години најголемиот број на жени се нарачаат од Азија и Латинска Америка. Сега голем дел од нив доаѓаат од новонастанатите комунистички земји. “Купувачите“ се најчесто луѓе од богатите земји од Западна Европа и Северна Америка. Жените, очајно сакаат да избегаат од сиромаштијата, па затоа се спремни да ризикуваат се и да побараат подобри услови за живот. Во последните години преку Интернет се испраќаат каталози со слики на жени од Источна Европа.

Воена проституција

Војниците секогаш бараат сексуален пристап до жените. Во секој конфликт, војниците се во потрага по бордели, а доколку ги нема, се градат специјално за нив. Борделите за војници обично се полни со најсиромашните жени и затворениците од селото/градот што е окупиран или од освоените територии.

Секс туризмот

Секс туризам (еден вид на секс трговија со луѓе) е се поголем и почест облик на вработување и забава за мажите. Постојат многу туристички агенции во богатите земји кои рекламираат “тури за возрасни “, нудејќи жени од Филипините и Тајланд. Меѓународните туристички агенции, хотели и авиокомпании ги поврзуваат сиромашните жени и богати мажи. Поради стравот од СИДА мажите бараат се помлади девојки бидејќи мислат дека е помала веројатноста тие да бидат заразени со смртоносниот вирус. Голем број на жени и девојки умираат од СИДА.

Насилство макро

Макроата често ги контролаат и искористуваат жените кои се дел од проституцијата и најчесто им ги земаат сите пари што ги добиваат. Мал е бројот на жени кои имаат право да ги задржи парите што ќе ги заработат. Сопствениците на борделите вообичаено ги контролираат сите средства и им одземаат сè. За секој маж проституцијата е облик на економска експлоатација. Тие заработуваат пари преку продажбата на женските тела.

Истражувања

Она што следува се заклучоци добиени од Советувалишта за жени кои биле или сеуште се дел од проституцијата:

v      84% од жените изјавиле дека биле принудени на проституција од страна на макроа

 

v      78% од жените биле жртви на силување, додека работеле како проститутки:

 

  • 48% од жените се силувани од макро, во просек 16 пати годишно

 

  • 79% од жените се силувани од страна на луѓе кои ги купуваат, во просек 33 пати

годишно

 

v    84% од жените се жртви на насилство:

 

  • 63% од жените биле тепани од макроата, во просек 58 пати годишно

 

  • 81% од жените биле тепани од мажите кои ги “купиле“, во

просек 45 пати годишно

 

v    49% биле жртви на киднапирање:

 

  • 31% се киднапирани од страна на макроа, во просек 5 пати годишно

(Ова се случува кај жените кои се обидуваат да избегаат)

 

  • 47% од жените биле киднапирани од страна на “муштерии“, во

просек 5 пати годишно

 

v    53% се жртви на сексуална тортура:

 

  • 44% се жртви на тортура од страна на макроата, во просек 49 пати годишно

 

  • 43% се жртви на тортура од мажите кои ги купуваат или ги киднапираат, во просек 5 пати годишно

 

v    27% од жените имаат трајни повреди на телото како резултат на насилството:

 

  • 27% од повредите ги имаат здобиено од макро

 

  • 21% од повредите ги имаат здобиено од човек кој ги “купува“ или киднапирање

 

v    73% од жените често помислуваат на самоубиство, како начин да се избегаат од сè:

 

  • 65% имаат обид за самоубиство

 

  • 38% имаат обид за самоубиство неколку пати.

 

v    Просечната возраст на жените, девојките кои започнале да се занимаваат со проституција е 16 години

 

v    85% од жените во проституцијата се сексуално злоупотребувани во детството

 

v    90% од жените во проституцијата биле физички малтретирани во детството

 

v    98% од жените во проституцијата се емоционално малтретирани како деца и побегнале од дома.

 

Најчесто овие девојки завршуваат како бездомници на улица, од каде што ги собираат макроа и ги воведуваат во ланецот на проституцијата.

Овие девојки, жени, употребаат алкохол и наркотични средства со цел да ја намалат нивната емоционална болка. Голем дел од нив стануваат зависници од дрога и алкохол.

Проституцијата е широко раширена и поради тоа многу често се прифаќа како нормална појава. Потребно е жените да се спротивстават на оваа експлоатација. Некои од нив се проститутки, а некои не, но се додека женските тела можат да бидат купувани и продавани, жените како група се деградирани. Постоењето на проституција го одржува меѓународниот капитал, го зголемува профитот.

Учиме за борба против насилство, силување и инцест. Потребно е проституцијата да се додаде на листата на злоупотреба, а со тоа и да се започне со борба против проституција.

 

Жената има право да физички интегритет и човеково достоинство како дел од своите женски човекови основи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag