Суперхраниte можат да помогнат во борбата против неплодноста.
Хранливите материи кои влегуваат преку храната ја стимулираат плодноста и го полнат организмот со витамини, минерали, влакна, неопходни за здраво одвивање на бременоста.
Еве неколку типови на храна кои придонесуваат за подобрување на шансите за зачнување:
Суперхрани за стимулирање на сперматозоидите и јајце клетки
Половите клетки на мајката и таткото се од суштинско значење. Нивното здравје и издржливост се есенцијални за процесот на зачнување. Затоа треба да ги негувате значително.
Јадете повеќе храна богата со флавоноиди. Тие се борат со слободните радикали и помагаат за регенерација на клетките. Таквите суперхрани се боровинките, сливите, портокалите, праски, цреши, грозјето, доматите.
Суперхрани за стимулирање на производството на сперма
Производство на доволно количество сперма ги зголемува шансите за зачнување. Храни кои ја зајакнуваат сперматогенезата се оревите, рибата, јајцата, семињата, житните култури, бразилските ореви.
Сите тие се богати со витамин Ц и цинк, од кои сперматозоидите имаат потреба за подобрување на квалитетот и квантитетот.
Суперхрани за максимално здрави телесни секрети
Секретите произведени од женскиот и машкиот половен систем имаат за цел да придонесат за полесно движење на сперматозоидите до јајце клетката и полесно зачнување.
Овие телесни секрети треба да се претежно алкални, но во многу случи организмот одржува претежно кисела средина. Тоа е штетно во многу здравствени односи, вклучувајќи ја и плодноста.
За да го алкализирате организмот, а со него и телесните течности, јадете повеќе алкална храна. Такви се претежно овошјето и зеленчукот.
Фокусирајте се на брокулите, морковите, зелката, краставиците, кромидот, компирот, авокадото, црешите, мангото, праските, шумските плодови, аспарагусот, јаболката.