Персоналот на скапоцени јахти секојдневно доживува сцени кои многумина не можат ни да си ги замислат. Работата во екипажот или како персонал на скапоцените јахти за богаташи најчесто е одлично платена, но со строги клаузули на доверливост, бидејќи најчесто на тие бродови може да се види сешто.
На пример, еден анонимен член на екипажот на такви бродови открил дека една од задачите му била собирање и средување на користени секс-помагала, како вибратори, камшици…
„Дочекувавме литвански и руски проститутки, а обично ги довезуваа до јахтата во флота скапоцени мерцедеси. Потоа богатите клиенти одбираа три жени за тој ден“,открил еден од готвачите на луксузна јахта кој побарал да остане анонимен поради строгите услови запишани во договорот за работа, пишува порталот Express.hr.
„После некое време повеќе не ни е грижа, си ја работиме работата и добиваме одлична плата, а ако се побуниме за нешто, би добиле отказ и некој друг би го зазел нашето место. Не е невообичаено да се научат разни договори за продажба или набавка на дрога, како кокаин или екстази. Таблетите виагра на тие бродови се јадат како бонбони“, раскажал готвачот.
На јахтите не се однесувале најлошо нивните сопственици, туку оние кои ги изнајмувале за недела или две и за тоа плаќале повеќе од половина милион евра за да уживаат во пловењето на брод кој има базен, домашно кино…
Во Кан е најдобра заработката, а проститутките таму заработувале и до 35.000 евра за една вечер!
Секоја година на филмскиот фестивал, жените кои Французите ги нарекуваат puttes de luxes (луксузни проститутки) кои обично наплаќале минимум 3.500 евра за една вечер, дебело ги наплаќале своите услуги на јахтите кои ги изнајмуваат бизнисмени, а чии гости се многу славни актери и великани од тој свет.
„Сите се радуваме кога доаѓа Канскиот фестивал, во тој период од годината најмногу заработуваме“, рекла проститутка која себеси се нарекува Дејзи.
Таа признава дека има голем натпревар меѓу девојките и дека за време на тие 10 дена од фестивалот, од 100 до 200 проститутки секојдневно се движат по хотелите. Таа вели дека највеликодушните клиенти се Арапите кај кои проститутките можат да заработат и до 35.000 евра за една вечер.
Секоја година во заливот има од 30 до 40 луксузни јахти. На секоја од нив има барем по 10 девојки, обично модели, кои се голи или полуголи. Забавите се сведуваат на пиење, дрога и секс со преубави жени. Девојките ги чекаат своите коверти на крајот од вечерта и тоа е традиција кога таму постои веќе 60 години.