Животот во бордел во Бангладеш

popara7 септември, 20162min00

Порано годинава, фотографката Сандра Хојн отпатувала во Бангладеш, каде што поминала еден месец во и околу борделот Кандапара, фотографирајќи ги неговите жители. Овој бордел е еден од многуте легални проститутски куќи на Бангладеш и е дом на околу 900 секс работнички. Бангладеш е една од малкуте муслимански земји што ја имаат легализирано најстарата професија – доволна причина за фотографката да биде заинтригирана за тоа како живеат жените во борделот.

Вели дека нејзината фотосерија The Longing of Others е микс од уметност и активизам, и е направена со и за луѓето, особено жените што се соочуваат со слични судбини. Работата на проектот не била лесна – имало многу моменти кога ѝ се кршело срцето и не успевала да остане само објективен фоторепортер:

„Фотографирањето на Паки – 15-годишна девојка, со муштерија кој воопшто не ѝ се допаѓаше, беше многу лошо искуство за мене. Се чувствував како да ја злоупотребувам додека ги правев сликите. Но морав да се присилам да го направам, бидејќи немаше да биде реално ако не ја прикажев таа реалност… Нејзиниот муштерија беше само еден од група од пет мажи, секој од нив сакаше да има секс со неа, еден по друг. Тоа беше ужасно“.

pajol

^ Ова е Кајол со нејзин муштерија. Вели дека има 17 години, но всушност не ја знае својата вистинска возраст. Мажена била 9 години. Нејзината тетка ја продала во борделот Кандапара. Има 6-месечен син – Мехеди. Присилена била повторно да има секс со муштерии само две недели по породувањето. А по породувањето пак, „бизнисот“ не ѝ оди баш најдобро.

The Longings of the Others

^ Ова е 18-годишната Папија, со двајца клиенти во кревет во борделот Кандапара. Нејзините родители умреле кога била дете, и рано се омажила. Таа и нејзиниот сопруг користеле хероин, а Папија завршила во затвор. Вели дека затворот е најдоброто место каде што некогаш била, бидејќи таму никој не ја тепал. Во затворот ја запознала и жената што подоцна ќе ја донесе во борделот.

Кандапара во Тангаил е најстариот и вториот најголем. Постои околу 200 години. Во јули 2014 беше нападнат и демолиран од поголема група вооружени мажи, поддржана од локалната влада. Беше одново воспоставен со помош на локалните невладини организации. Сега таму живеат повеќе од 700 проститутки, заедно со своите деца и со нивните „мадами“. Иако жените во Кандапара имаат избор да го напуштат, барем на хартија, ретко се одлучуваат за тоа. Зад ѕидовите на борделот се чувствуваат многу побезбедни отколку надвор пред презривиот поглед на општеството.

The Longings of the Others

^ Жени чекаат муштерии пред Кандапара во Тангаил.

The Longings of the Others

^ Прија – 19 години, живее со својот пријател – машка проститутка во борделот. Прија е таму од 17 години.

The Longings of the Others

^ Дипа – 26 години, плаче зошто е втор месец трудна од непознат муштерија во борделот.

The Longings of the Others

^ Употребени кондоми пред капијата на Кандапара.

The Longings of the Others

^ Близначиња стари пет дена. Уште немаат име. Мајката е една од проститутките – 20-годишната Џиник.

The Longings of the Others

 

^ Паки – 15 години, и Мим – 19 години. Двете работат во борделот.

The Longings of the Others

^ Муштерија пробува да ја бакне Прија.

The Longings of the Others

^ 19-годишната Мим се капе под импровизиран туш.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag