„Како е можно да си толку богат, а да изгледаш толку евтино“ е само еден од многуте негативни коментари за најновото модно издание на Ким Кардашијан.
35-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ го привлече вниманието со необичен стајлинг. Њујоршките папараци ја фотографираа во волуменозна фармерска јакна, проѕирен син градник, кратки џинс панталони и високи проѕирни чизми кои се дело на нејзиниот сопруг Кание Вест.
Верувале или не, само нејзиниот накит за на врат чини околу 10.000 долари.
Претходната вечер, Ким и нејзината ќерка Норт беа фотографирани додека се упатуваа на концертот на Кание. И двете носеа блескави фустани со сличен крој.