Ручек за 5 минути: Ви пренесуваме рецепт кој го освои светот
12 септември, 20160
Ако немате идеја што да направите за ручек, ви пренесуваме едноставен рецепт за брз, но вкусен оброк.
Состојки:
- компири
- масло за готвење
- јајца
- брашно
- сол
- бибер
- шунка
- кашкавал
Сварете компир во лушпа, па излупете го и изрендајте го, па додајте масло, јајца, сол и малку бибер. Додајте брашно и замесете цврсто тесто.
Во загреана тава ставете малку масло, па половина од тестото развлечете го на дно.
Преку тестото ставете шунка и кашкавал, па преку тоа ставете го другиот дел од тестото.
Печете неколку минути од секоја страна, односно додека не зарумени.