Тука ги потенцираме некои од најубавите градови во светот. Ова може да ви послужи како инспирација да патувате и да ја истражите оваа убава планета.
- Ванкувер, Канада
Ванкувер е крајбрежен град и морско пристаниште во Британска Колумбија, Канада. Тој е средиште на Поголемиот Ванкувер, кој, со над 2,3 милиони жители е третата најголема метропола во земјата и најнаселена во западна Канада. Самиот град има повеќе од 640.000 жители, со што тој е осмиот најголем град во Канада, и најгусто населениот канадски град.
Населбата Гастаун израснала од пилана изградена во 1867, со проширувањето населбата прераснала во населеното место Гранвил. Со соопштението дека крајот на железничката линија ќе стигне до местото, било преименувано во „Ванкувер“ и е инкорпорирано како град во 1886 година.
„Пристаниште метро Ванкувер“ е името на пристаништето на овој град, кое сега е најзафатено и најголемо во Канада и е исто така и четврто најголемо пристаниште (според тонажа) во Северна Америка.
Ванкувер се ранкира многу високо на рејтинзите за најдобри градови за живеење во светот повеќе од една декада, според проценките на бизнис списанија, а списанието The Economist го рангира како прв меѓу десетте најдобри градови за живеење веќе пет години по ред.
Првиот Европеец што го истражувал брегот на денешнот Поинт Греј и делови на Бурард Инлет бил Хозе Марија Нарваес од Шпанија во 1791 година, иако еден автор смета дека Франсис Дрејк го посетил овој крај во 1579. Градот е именуван по Џорџ Ванкувер, кој го истражувал внатрешното пристаниште на Бурард инлет во 1792 година и дал британски имиња на неколку места.
Ванкувер бил домаќин на повеќе меѓународни конференции и настани, вклучувајќи ги и Игрите на Британската Империја и Комонвелтот во 1954, Експо 86, Светските полициски и пожарникарски игр во 1989 и 2009. Зимските олимписки игри и Зимските параолимписки игри во 2010 се одржуваа во Ванкувер и соседното место Вислер, ресорт кој се наоѓа 125 километри северно од градот.
- Париз, Франција
Париз е главниот и најголем град во Франција, лежи на реката Сена, во северна Франција.
Градот Париз има население проценето околу 2.211.297 жители (од Јануари 2008), но метрополската област на Париз има околу 11.899.544 жители, со што е една од најнаселените метрополски области во Европа.
Париз бил најголемиот град во Западниот Свет околу 1.000 години, пред деветнаестиот век, и бил најголем град во целиот свет помеѓу шеснаестиот и деветнаести век.
Париз исто така се рангираше како еден од десетте најзелени градови во Европа во 2010 година.
Според истражувањето на списанието The Economist од 2010, Париз е најскапиот град за живеење во светот.
Париз и регионот на Париз ја има најголемата економија помеѓу градовите во Европа (по Лондон) и, со 552,1 милијарди евра во оптег, е шеста најголема во светот.
Со околу 28 милиони туристи годишно (42 милиони во целиот регион на Париз), од кои 17 милиони се странски посетители, Париз е најпосетуваниот град во светот.
Во градот и регионот има 3.800 историски монументи и четири места на списокот на Светско наследство на УНЕСКО.
- Сиднеј, Австралија
Сиднеј е најголемиот град во Австралија.
Место на првата британска колонија во Австралија, Сиднеј бил оформен во 1788 година во Сиднеј Коув од Артур Филип, комодор на Првата морнарица како затворска колонија.
Метрополската област е опкружена со национални паркови, а крајбрежниот регион е карактеризиран со многу заливи, реки и плажи, вклучувајќи ја и познатата Бонди плажа.
Според пописот од 2006, 4.119.190 жители живеат во Сиднејската статистичка дивизија, од кои 3.641.422 живеат во урбаната област на Сиднеј. Внатрешен Сиднеј е најгустото населено место во Австралија со 4.023 жители на квадратен километар.
Сиднеј бил домаќин на многу меѓународни спортски настани, вклучувајќи ги и Игрите на Британската Империја во 1938, Летните олимписки игри во 2000, како и завршниот меч на Светскиот куп во рагби во 2003 година.
- Фиренца, Италија
Фиренца е главниот град на италијанскиот регион Тоскана и на провинцијата Фиренца. Тој е најнаселениот град во Тоскана, со околу 370.000 жители (1.500.000 во метрополската област).
Градот лежи на реката Арно, а е познат по неговата историја и значајност во Средниот век и Ренесансата, посебно за уметноста, архитектурата и, погенерално, за културолошкото наследство.
Центар на средновековната европска трговија и финансии и еден од најбогатите градови во тоа време, Фиренца се смета за родно место на Ренесансата, а се нарекува и Атина на Средниот век.
Историскиот центар на Фиренца привлекува милиони туристи секоја година, а Euromonitor International го рангира градот како 72 најпосетен во 2009, со 1,685 милиони посетители. Прогласен е за место на Светското наследство на УНЕСКО во 1982 година.
Поради нејзиното уметничко и архитектонско наследство, списанието Forbes ја рангира Фиренца како еден од најубавте градови во светот, и градот е познат по неговата историја, култура, ренесансна уметност, архтектура и монументи.
- Венеција, Италија
Венеција е град во северна Италија кој е познат по убавината на неговиот амбиент, архтектурата и уметнички дела.
Во 2009, имало 270.098 жители во Венеција и 1.600.000 во околните места.
Името е добиено од древниот Венети народ кој живеел во регионот до десетиот век од новата ера. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република.
Венеција е исто така позната како „Град на вода“, „Град на маски“, „Град на мостови“, „Пловечкиот град“ и „Град на канали“.
Луиџи Барцини го опишува градот во списанието The New York Times како „без сомнение најубавиот град изграден од човекот“.
Венеција исто така се опишува и како еден од најромантичните градови во Европа.
Градот се протега на 117 мали островчиња во мочуришната Венецијанска лагуна покрај Јадранското море во североисточна Италија.
Венецијанската Република била голема поморска сила за време на Средниот век и Ренесансата, како и место каде се воделе Крстоносните војни и Битката кај Лепанто.
Венеција исто така бил и многу важен трговски центар (посебно за трговијата со свила, жито и зачини) и центар на уметноста од тринаесетиот до крајот на седумнаестиот век. Ова ја прави Венеција многу богат град низ поголемиот дел од нејзината историја.