Ако имате природно тенко влакно или ретка коса, тогаш го знаете проблемот – како да го одржите волуменот? Изгледа невозможно.
Сепак, собравме неколку трикови од врвните фризери и стилисти, кои ќе ви ја направат косата визуелно погуста.
Вреди да пробате барем неколку:
1. Поиграјте си со долгата коса
Звучи грубо, но мора да одберете – или долга коса или волумен. Двете се невозможни. Фризерите препорачуваат должина до рамениците, која е лесна за одржување и изгледа побујно.
2. Слоевите се важни
Уште една опција со која може да создадете визуелна погуста коса се прамените со разни должини. Важно е да не ја шишате косата рамно.
3. Додадете боја
Светлите прамени во долната половина на косата секогаш се добар избор. Или сенчањето со повеќе слични нијанси. Одберете ја омилената техника и препуштете се во рацете на вешт фризер.
4. Мијте ја косата правилно
Иако ова го правите цел живот, можеби уште грешите.
Сапуницата се нанесува само на коренот, па со нежно масирање се мие темето.
Маската или регенераторот се нанесуваат само на долната половина. Ако ги нанесете на коренот буквално ја убивате секоја шанса за волумен.
Масажата на скалпот е исто така важна пред да исплакнете.
Врвовите не ги тегнете при миењето за да ја исплакнете сапуницата и не ја туткајте косата мислејќи дека така шампонот подобро ќе ја измие.
Не се чешлајте кога косата е мокра.
5. Не ги злоупотребувајте козметичките препарати
Пример, пената за волумен. За кратка коса доволно е едно топче колку лешник, за средна должина доволна е количина колку едно мало јајце, а за екстремно долга коса – количина колку едно тениско топче.
6. Создадете уметнички хаос
Не ја залижувајте косата, колку и да сакате да имате елегантна или сериозна фризура.
7. Користете сув шампон
Тој ги отстранува маснотиите од коренот и така ги поткрева влакната, со што косата изгледа погуста. Ако немате сув шампон, користете бебешка пудра.