Ако сте родени во среда сте остроумни, а во петок се раѓаат шармантните…Кој е вашиот ден?

popara5 ноември, 20161min00
4

Секоја од петте планети во хороскопот, плус сонцето и месецот, влијаат на нас. Токму затоа, седумте дена во неделата имаат одредено значење според влијанието на планетата која владее.

Вашиот посебен ден е денот во кој сте родени, па ако сте родени во среда сте остроумни, а во петок се раѓаат шармантните.

Недела – ден на Сонцето

Ова е погоден ден за покажување љубезност и великодушност. Обидете се да бидете подобра личност, онаква каква вашиот знак – сонцето побарува од вас.

Понеделник – ден на Месечината

Добар ден за социјални и работни контакти, но и контакти со семејството и пријателите. Тоа е денот кога треба да се однесувате со почит кон сопствените емоции, затоа што ништо не се менува побрзо од месечината и емоциите.

Вторник – ден на Марс

Во вторник добивате додатна сила и енергија. Добар е за почеток на нешто ново, за совладување на препреките. Не запаѓајте во смешни конфликти, затоа што до нив најлесно се доаѓа во овој ден.

Среда – ден на Меркур

Одличен ден за интелектуални работи, за учење, пишување, читање. Исто така и за комуникација преку интернет, телефон, за испраќање мејлови…

Четврток – ден на Јупитер

Јупитер, како крал на планетите, ги започнува решенијата на големите проблеми. Со помош на позитивниот став можете да постигнете многу.

Петок – ден на Венера

Овој ден се завршува работната недела и започнува викендот. Затоа, завршете ја работата тактично и на сопствено задоволство, па радувајте му се на викендот. Ова е идеален ден за љубов, нежност, романтика.

Сабота – ден на Сатурн

Сатурн спречува работите да излезат од контрола. Тоа е ден кога треба да го забавите темпото и да се позанимавате со некои детали за кои немате време во текот на неделата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag