Нешто едноставно како што е уринирање веднаш по завршувањето на сексуалниот чин – носи големи бенефиции за вас и вашето тело, кои помагаат во борбата против инфекции кои можат да ја загрозат вашата физичка благосостојба.
По секусалниот чин, разни микроби и бактерии навлегуваат во пределот на гениталиите и ректумот и се акумулираат во уретрата, па на тој начин се зголемува ризикот од инфекции во мочниот меур.
Всушност, се покажало дека ова е една од најчестите причини за инфекции на уринарниот тракт кај жените, и тоа е причината што експертите ја истакнуваат важноста за уринирање веднаш по сексот.