Овен
Кај Овните не помага суптилноста. Не вртете наоколу со надеж дека ќе бидете забележани и ни случајно немојте да чекате вистински момент за помирување, затоа што тие многу брзо знаат да влезат во нова врска. Едноставно кажете дека ви е жал и дека барате прошка, со ветување дека никогаш повеќе нема да ви се повтори тоа што сте го згрешиле. После тоа држете се до зборот, затоа што Овните не толерираат неисполнети ветувања. Ако сакате да направите нешто дополнително за вашиот партнер, извинете му се јавно и на тој начин ќе го нахраните неговото его и ќе го исполните со среќа.
Бик
Најтврдоглавиот знак. Ако сте се скарале, најпрво морате јасно да им дадете до знаење дека тие биле во право и сѐ додека не го направите тоа нема ништо од помирувањето. Зацврстете го вашиот план со тоа што ќе им кажете дека се паметни и дека во иднина ќе ги слушате нивните совети.
Близнаци
Испратете им шеговито извинување бидејќи ништо не ги воодушевува Близнаците како добро смислениот хумор. Ако сте направиле голема грешка ќе треба добро да се потрудите и да бидете навистина досетливи. Не обидувајте се да ги барате бидејќи тие не се луѓе кои седат покрај телефонот и чекаат да заѕвони, но ако сакате да ги надминете недоразбирањата не смеете да ја прекинувате комуникацијата.
Рак
За да се помирите со Рак потребно е да имате многу трпение, но и идеја како тоа да го направите. Не нагласувајте ја вашата грешка и ни случајно немојте да се шегувате на таа тема. Речете им дека едноставно не можете да живеете без нивната љубов. Ако тоа не успее, тогаш подгответе вечера и направете сѐ за да избегнете какви било недоразбирања. Нека ја почувствуваат вашата љубов, одвојте што повеќе време, внимателно слушајте што ви зборуваат и согласувајте се со нивните тези.
Лав
Комплиментите и ласкањето можат навистина да ви помогнат да го остварите вашиот план. Извинете се за вашиот „грев“ и нагласете дека не ја заслужувате нивната љубов. Направете сѐ за да покажете дека сте вредни за нивната љубов. Лавовите се површни. Потребно е само да забележат дека се трудите и дека ги сакате најмногу на светот и тие сами ќе ви пријдат.
Девица
За почеток важно е да сте пристојни. Девиците не поднесуваат пцуење и непристојно однесување. Нагласете ја вашата софистицираност. Бидете точни на договорениот состанок. Вашата грешка во очите на Девиците ќе ви биде простена, само ако исчистите сѐ околу себе. Купете убав подарок, но ни случајно романтичен или шеговит. Најдобар избор би била добра книга.
Вага
Покажете што повеќе интерес за активностите на Вагите. Не заборавајте да им подарите по некој комплимент. На личностите родени во знакот на Вага потребно им е одобрување за себе и за нивните постапки. Понудете им формално извинување. Ни помалку ни повеќе. Вагите мора да знаат дека сте сериозни и дека го мислите тоа што го зборувате. Додајте малку романтика и успехот ќе биде неизбежен.
Скорпија
Слободно употребете драматичност за да покажете дека сте посветени. За Скорпиите говорот е евтин, па зборовите нема многу да ви помогнат. Само позитивните активности можат да ја вратат милоста во нивните очи. Тоа можеби значи дека ќе треба да се откажете од некои стари навики или да побарате помош ако се работи за сериозен проблем, но едноставно мора во целост да се откажете од тоа што било причина за разделбата.
Стрелец
Понудете им топла и прифатлива мирољубива понуда. Стрелците сакаат домашни миленици и ако доволно ги разгалите нема да можат да ви одолеат. Најдобро би било на почетокот да го прифатите пријателството и да не брзате. Стрелците поголема важност му даваат на социјалниот живот отколку на љубовта, па треба да се прилагодите на нивниот начин на живот.
Јарец
Бидете искрени и отворени. Јарците од далеку можат да почувствуваат кога се работи за лага. Ако вие сте погрешиле, признајте ја грешката и дајте им ветување дека тоа никогаш нема да се повтори. Но тоа мора и да го мислите, а не само да го кажете. Празните ветувања нема да ве одведат далеку. Јарците ја ценат материјалната сигурност, па ќе помогне ако им купите нешто кое ќе покаже дека верувате во заедничката иднина меѓу вас.
Водолија
Водолиите поканете ги на разговор и кафе. Тие нема да можат да одолеат на размената на мислења. Немој да криете ништо од нив бидејќи вашиот однос нема да се промени. Бидете целосно искрени, затоа што ако сакате да сте заедно сите карти мора да бидат отворени. Обидете се да направите нешто возбудливо и предложете заеднички активности.
Риби
Сите карти ставете ги на чувствата. Рибите не можат да гледаат страдање. Бидете и малку посесивни. Иако Рибите се романтични, тие не можат да поднесат затвор. Прифатете го фактот дека се екстремно чувствителни и дека кон нив треба да се однесувате со посебно внимание. Бидете нежни и љубезни. И не чекајте посебни пригоди за да ја искажете вашата љубов кон нив.