
Забавниот парк Space World во Јапонија, беше принуден да го затвори своето лизгалиште поради контроверзноста и реакциите од јавноста – во мразот имаше замрзнато 5.000 мртви риби.

Дизајнерите на лизгалиштето сметале дека е добра идеја за замрзнат 25 видови мртви риби во самото лизгалиште, како атракција за посетителите.

Реакциите на посетителите и интернет јавноста се во насока на тоа дека рубите делуваат живо и дека на децата им било морничаво да лизгаат на ваквиот мраз.

Критиките се насочени и кон фактот што овие суштества се користени како играчки, но и дека храната не треба да се користи вака.
