Би сакале да постои лесен начин за продолжување на животот? Не трошете си го времето! Според едно истражување направено од Националниот институт за рак во Сад, водењето активен живот и корстењето на слободното време за вежбање води кон подолг животен век.
Одделот за здравство и социјални услуги во САД препорачува сите луѓе на возраст од 18-64 години да бидат физички активни најмалку 2.5 часа неделно и 1.25 часа енергични вежби.
Општо земено, физичката активност ги стимулира мускулите, го подобрува капацитетот за вежбање, го подобрува вашиот метаболизам, ги согорува мастите во телото, и го зачувува здрав кардиоваскуларниот систем. Сите овие фактори може да ви помогнат да се заштитите од болести и да го натерате вашиот организам да работи посилно и подолго.
Вметнувањето малку повеќе физички активности во вашиот постоечки дневен распоред, може да биде полесно отколку што мислите. Дури и една минута повеќе, може да создаде значителна предност во вашиот секојдневен живот, но внимавајте, многу важен фактор е интензитетот на вежбање.