Жените исто како и мажите постојано разговараат со своите пријателки за својот сексуален живот. Често се прашуваат како може некои жени постојано доживуваат оргазам со својот партнер, а на некој тоа им е мошне тешко. Која е тајната?
Мастурбацијата им е важна
– Жените кои мастурбираат редовно станале стручњаци за сопствените тела и знаат каде им се наоѓаат еротските точки кои може да им помогнат да достигнат оргазам – вели психологот д-р Фран Валфиш.
Тој додава дека жените знаат кое темпо, притисок и брзина е важен за секој допир. Тие со своето познавање на телото јасно му го покажуваат тоа на својот сексуален партнер и поради тоа редовно свршуваат.
Обраќаат внимание на клиторисот
Повеќето жени сакаат стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам, а многу мал број доживуваат само со пенетрација. Најдобро е да им покажете на вашите партнери да обрнат внимание на клиторисот за да почувствувате врвно уживање.
Ја знаат важноста на предиграта
Предиграта можеби е најважна работа за достигнување оргазам. Доколку не ви се брза, посветете барем 20 минути на предиграта, со нежни бакнежи по целото тело, страстите и возбудата ќе растат и на тој начин многу побрзо ќе доживеете оргазам.
Јасно кажуваат што сакаат
Што им се допаѓа? Што сакаат? Каде сакате ги допирате? Овие жените кажуваат се!
Тоа се прашањата кои вашиот партнер мора да ги знае. Овој вид на комуникација секогаш доведува до оргазам затоа што тој ќе знае точно како и каде да ја движи раката и на тој начин ќе бидете поопуштени. Дури и ако ви се допаѓа тоа што го прави – кажете му.
Не размислуваат за оргазам
Исто како и љубовта, оргазмот не се бара, туку се самиот случува. Доколку мислите постојано на тоа, шансите да не го доживеете се големи. Колку сте поопуштени – толку полесно ќе доживеете оргазам. Потрудете се да се опуштате почесто поради, па стресот и анксиозноста околу тоа, ќе ја снема.