Новите истражувања покажуваат дека е многу корисно да испиете чаша вино пред да запалите цигара.
Истражувањето покажа дека чаша црно вино може да го намали штетното влијание на никотинот. Виното содржи хемикалии кои ја штитат од оштетување слузницата на крвните садови, се наведува во заклучокот на истражувањето.
Цел на истражувањето беше да се испита влијанието на пушењето на крвта и артериите на здравите непушачи кои за таа намера испушиjа три цигари. Половина од испитаниците испија чаша вино еден час пред да запалат цигара.
Истражувањето беше усмерено на млади и здрави непушачи, па не е познато дали ова може да се примени на страсни пушачи. Во секој случај, најдобар потег е да се откажете од пушење.