Луксузни хотели на Алпите

popara9 декември, 20161min01
9

Додека едни уште тагуваат по сонцето и летото, други на големо им се препуштаат на смегот, планините и скијањето. А Австрија е земја број еден за зимските спортови. Затоа Ви претставуваме најубавите 5 спа алпски хотели  каде што можете даразберете зошто ските и луксузот се две нераскинливо поврзани работи. “Travel Charme Achensee”

Неверојатен алпски пејзаж и смарагдно зелено планинско езеро. Ова е погледот од балконот на „Travel Charme Achensee”. Освен изобилството од снег, престојувањето во овој хотел ви нуди уживање во модерно опремени и комфорни соби и богата кулинарски програма. Како цреша на тортата сепак е пространиот суперлуксузен спа центар со камин и зачудувачки поглед. “Falkensteiner Hotel Spa Royal”

Ако барате вистински велнес, задолжително одете во „Falkensteiner Hotel Spa Royal”. Спа центарот е на површина од над 3 500 метри квадратни. Таму можете да изберете помеѓу масажи, базен, сауна, лична обука за правилна исхрана, скандинавските одење, Јога и медитација.. “Grand Tirolia”

Совршена комбинација на модерен дизајн, комфор и луксуз . Неговиот ресторан “Petit Tirolia” е еден од најдобрите ресторани во цела Австрија. Хотелот е еден од првите објекти на плоштадот во Кицбол каде што свои вили имаат и Франц Бекенбауер, Уши Глас, принцот од Монако – Алберт и многу други, кои го одбрале одморалиштето поради посебната атмосфера. ВИП ѕвезди има насекаде – во модните бутици, во рестораните и во клубовите! Кој сака забава по цели ноќи е на вистинското место. За љубителите на скијањето,хотелот располага со сопствени превоз кој на секои 15 минути ги носи гостите на жицарницата за кон терените за скијање или во клубовите. “Spa Hotel Zedern Klang”

А еве како гледаат ски-одмор на гостите во овој хотел, каде што сè е во хармонија. Ова е идеален хотел за туристи кои навистина сакаат да се релаксираат и да избегаат од секојдневието. По опуштувачкиот сон и неколку часа по падините Ве дочекува спа центарот,  солениот базен и ноќниот бар. Таков е начинот на живот во Тирол! “Sporthotel Steffisalp“

Се наоѓа во Форарлберг. Има сопствен превоз кој ги носи скијачите до патеките, а внатрешноста е комбинација од алпски стилски елементи, но и модерни блескави и светли бои, како и мебел типичен за градската средина. Храната е одлична- наутро, попладне и навечер ќе можете да уживате во апсолутно традиционалната австриска кујна и најдобрите вина. Ова е место за одмор во тишина, ѕидовите се подебели од нормалните и заедно со звучната изолација на прозорците и вратите посетителите ќе имаат мирен сон.

One comment

  • Славица

    10 декември, 2016 at 22:26

    Три години по ред секоја зима престојувам во Кицбил, сум го видела тој хотел, но не сум имала можност да влезам внатре, едноставно, џебот не ми дозволува. Сепак, можам да кажам дека секој хотел во тој дел на Австрија е приказна за себе…

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag