
Кристалните усни се новиот моден тренд кои направија вистински “бум“ во светот на жените.
Овој тренд на шминкање прво започна на друштвената мрежа Instagram, а девојките ширум светот се чини дека апсолутно излудеа по него.
А покрај кармините и моливчињата, ќе ви бидат потребни и светки, но и многу трпение, бидејќи овој процес на шминкање може да трае и повеќе од еден час.
На усните на коишто претходно сте нанеле кармин во саканата боја, потребно да залепете безбојни светки за усни, а потоа одбележете ги рабовите на усните со моливче во интензивна боја.
Сепак, единствениот проблем кај ваквиот начин на шминкање е тоа што со вакви усни и не е сосема препорачливо да се бакнувате, се разбира од разбирливи причини.