
Едно семејство било принудено да седи во автомобилот додека чопор лавови распарчувал плен пред нивните очи.
Дванаесет лавови донеле животно покрај автомобилот и го растргнале, а сè се случило во јужноафриканскиот парк Кругер.
„Затворете ги очите“, се слушнало на снимката во еден момент.
Оваа ужасна глетка траела некое време, па на крај семејството успеало да си замине со автомобилот.
Ова е нешто што долго ќе го помнат!