Истражувања покажаа дека лажењето може да биде штетно за здравјето.
Искреноста може да го подобри вашето психичко и физичко здравје, покажа истражувањето во кое учествуваа 110 луѓе стари меѓу 18 и 71 година.
За време на истражувањето установено е дека искрените луѓе почувствувале помалку психички проблеми, како и дека поретко страдаа од напнатост и тага. Освен тоа, имале помалку проблеми со физичкото здравје, вклучувајќи болка во грлото и главоболка.
За време на истражувањето, на еден дел од испитаниците им е речено да се воздржат од сите лаги во тек на истражувањето, додека на останатите не им се дадени никакви упаства за лажењето. И двете групи доаѓаа на полиграфски тест секоја недела, а при тоа биле испрашувани за лагите што ги изрекле во тек на неделата. Востановено е дека во просек лажеле 11 пати неделно.
Резултатите покажаа врска меѓу помалку лажење и подоброто здравје. Здравјето беше многу подобро кај учесниците во групата кои не лажеле. Исто така, кога контролната група имаше задача три пати кога е во искушение, место да излаже, да каже вистина, искусија помалку здравствени проблеми.