
Лиса Мари Нигл била ѕверски убиена од својот љубовник Џеки Џери Роџерс кој ја нападнал кога таа решила да го напушти.
Телото на Лиса Мари Нигл, ѕвезда на реалното шоу „Bridalplasty“ било пронајдено во плиток гроб, во градината на нејзиниот љубовник Џеки Џером Роџерс, кој бил уапсен поради сомнение дека ѕверски ја убил несреќната Лиса.
Исчезнувањето на Лиса Мари Нигл во понеделникот го пријавил нејзиниот сопруг Дерек Хариман, а полицијата на основа на снимки од улични камери утврдила дека таа вечер Лиса го напуштила клубот во кој го прославувала роденденот со своите пријателки, па заминала со автомобилот на Роџерс.
Нејзиниот љубовник бил уапсен а лешот на несреќната девојка бил пронајден закопан во неговата градина.
Според првите информации, Роџерс во напад на љубомора со удари со чекан во глава ја убил Лиса, бидејќи таа му соопштила дека раскинува со него.