Избегнете го воспалението на мочниот меур

popara28 декември, 20161min00
11

Сите оние кои барем еднаш се соочиле со ова непријатно воспаление, знаат колку може да е непријатно.

Најважен дел од превенцијата е да грижата за себе.

Пијте многу течности и редовно мокрете. За да остане вашиот меур здрав, потребно е редовно да го испирате. Во просек, литар ипол течност дневно е доволна за просечна жена. Не се воздржувајте од мокрење и одете во тоалет веднаш штом ќе почувствувате потреба за тоа.

Одржувајте правилна хигиена. Значи, бришете се од напред наназад за да не ги пренесете евентуалните бактерии од вагината на уринарниот канал. Исто така, подобро е да се туширате отколку да се бањате затоа што е помала можноста од пренос на бактерии.

Мокрете после секс. После интимен однос настојувајте да се измокрите за да спречете евентуална инфекција. Исто така, можете да го измиете интимното подрачје после сексуалниот чин.

Одржувајте ја хигиената на интимната зона и анусот со помош на благи сапуни. И не користете никакви интимни дезаодоранси или миризлива тоалетна хартија затоа што тие ја иритираат слузницата.

Не изложувајте се на студ. Наједноставниот совет е да не настинувате, да не седите на ладно и да не носите премногу тенка облека во зима. Долниот дел од стомакот и грбот мора да бидат затоплени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag