Магичниот бел песок, кристално бистрото море и пријатните температури веќе со години ги привлекуваат туристите во градчето Розињано Солве на италијанскиот брег.
Сепак парче рај во Тоскана всушност крие една ужасна тајна. Белиот песок кој привлекува толку туристи всушност е хемиски отпад кој настанал во блиската фабрика. Изворот на отпад од фабриката е во близина на плажата.
Фабриката произведува многу хемикалии, а најголем дел од производството му припаѓа на натриум карбонат, популарно наречен сода бикарбона. Зад тоа останува мешавина од калциум хлорид и варовник кои завршуваат во близина на заливот веќе со децении.
Невидливата последица на тоа фрлање на отпад е прекрасната бела плажа од која ниту Карибите не би се засрамиле. Рајската плажа всушност е само илузија затоа што со отпадот оваа компанија испушта и многу токсични хемикалии како што се жива, арсен, хром и олово. Според извештајот на ОН од 1999 година, Spiagge Bianche, белата плажа кај фабриката е една од 15 најзагадени плажи на Средоземното море.