Сопругата на славниот актер Џорџ Клуни, Амал е бремена со близнаци, пренесуваат американските медиуми. Како што објави InTouch Weekly, славниот пар очекува девојче и момченце.
Веста е објавена откако Амал го покажа трудничкото стомаче во фустан со цветен дизајн на премиерата на филмот „The White Helmets“ во Лондон, на 9 јануари.
Триесет и осумгодишната адвокатка за човечки права и 55-годишниот актер се пресреќни што ќе станат родители.
Според пишувањето на магазинот, Амал останала бремена преку успешно ин витро оплодување, а парот се подготвува за доаѓањето на близначињата во нивниот живот, уредувајќи го домот и купувајќи сè што ќе биде потребно за нив.
Според извор близок на Амал, In Touch пишува:
„Амал е бремена со близнаци, момче и девојче. Кога Џорџ и Амал открија дека ќе добијат близнаци беа многу изненадени, но исто така и малку исплашени бидејќи и двајцата сметаа дека едно дете е доволно. Но, веста дека едното е момче, а другото девојче многу ги усреќи. Сега се чувствуваат како да добиле на лото“, пренесува Mirror.
Сè уште нема никакви официјална потврда за овие информации од страна на претставниците на славниот пар.